Спасувањето на две мечки по 17 години заробеништво во целосна темница
Две мечки се спасени од нелегална „фарма за жолчки“ во Виетнам, каде што живеат околу 17 години во целосен мрак.
Азиските мечки – мажјак по име Ксуан и женка по име Мо – виделе вештачка светлина само кога биле подложени на неподносливи процедури за извлекување на жолчката.

Ксуан беше чуван во мал кафез во подрумот на продавница за облека во Сон Ла, северен Виетнам, од 2004 година, кога тој бил само младенче. Не е познато точно колку време била чувана Мо.
Работниците од добротворната организација за животни „Четири шепи“ кои ги спасиле велат дека биле згрозени од условите што се меѓу најлошите што ги виделе досега.
Кафезите на мечките биле „рѓосани и валкани“, рекоа спасувачите, немале лесен пристап до свеж воздух и едвај имало вентилација во подрумот.

Останати сами во темнина со часови, тие немале стимулација и се хранеле само со расипан зеленчук доволно за да ги одржи во живот.
Вработените од „Четири шепи“ мораа да ги успијат мечките за да можат да бидат отстранети од кафезите, пред да извршат медицински прегледи.

Откриле дека и дваете страдаат од заболување на жолчното кесе како резултат на повеќекратно прободување на органот со сонди дизајнирани да ја извлечат нивната жолчка.
Ксуан исто така има прекумерна тежина, има заболување на црниот дроб и изгубил повеќе заби.
Заробените мечки често губат заби како резултат на џвакање на решетките од нивните кафези во залуден обид да избегаат.

Силвија Калогеропулу, ветеринар што ги прегледа мечките, рече дека и двете сега се соочуваат со долг пат кон закрепнување.
Откако биле прегледани мечките ги натовариле во камион за да може да се пренесе во едно живеалиште во Нин Бин.
Објектот е дом за мечки спасени од трговијата со жолчката, но исто така е центар за информирање и едукација за зачувување на дивиот свет во Виетнам.

Жолчката на мечка е ценета состојка што се користи во традиционалната азиска медицина. Течноста е извлечена од жолчното кесе, а ловците порано ја собирале по убиство на мечките.
Но, во осумдесеттите години, почнаа да вадат жолчка од живи мечки кои честопати се чуваат во мали „кафези“.
Методите за екстракција на жолчката вклучуваат постојано дупчење на жолчното кесе со сонди, поставување постојани катетри или создавање трајна дупка или „фистула“ од која може да се исцеди жолчката.
Постапките можат да бидат крајно болни доколку се изведуваат без анестетик и може да предизвикаат подолго страдање или инфекција.
Оваа практика е нелегална во Виетнам од 1992 година, но продолжува да биде легална во Кина – дури и жолчката од мечка се препорачува како лек за Ковид во пандемијата.
Се смета дека има околу 10.000 мечки што се чуваат на фарми во Кина, а околу 1.000 фатени во нелегални операции во Виетнам.
Жолчката на мечките содржи урсодеоксихолична киселина која е докажано дека раствора камења во жолчката и лекува заболување на црниот дроб.
Синтетичка форма на киселина е широко достапна со децении, но побарувачката за „природната“ верзија опстојува.
