Две млади девојки покажуваат колку може да биде драстична разликата на доаѓање до инсулин во различни држави

Здравството во некои држави чини цело богатство, а САД се најпознати во светот по скапото здравство. Ова е огромен проблем за оние кои бараат одредени медицински услуги или лекови, но не можат да си ги дозволат, што многу брзо станува прашање на живот или смрт во некои случаи. Тиктокерката Сара Виера од Бразил која користи инсулин направи видео за споредба со тиктокерка од САД @iamchloe.com, која исто така користи инсулин. Во видеото тие ги споредуваат трошоците за инсулин во САД и нејзината земја Бразил.

Во Бразил здравствениот систем обезбедува бесплатен инсулин, додека во САД инсулин доволен за 7 дена чини 168 долари, за 10 дена 134 и кутијата со инсулин за само неколку месеци чини 15.000 долари.