Две сестри бегалки од војната во Југославија конечно се сретнаа со нивната американска „самовила“ по 23 години активна потрага: „Во авионот нѝ даде писмо и 100 евра што нѝ го променија животот“
Честопати, малку сме свесни за тоа како нашите постапки можат да влијаат на животите на другите. Нашата добрина едноставно може да се врати како добра карма. И најчесто тоа е во ред, имајќи предвид дека чинот веројатно е направен за да му се помогне на некој друг, а не за признание. Но, сепак, дали некогаш сте направиле нешто добро за странец и сте се запрашале, што се случило со таа личност ?
Во 1999 година, две сестри се качија на авион од Амстердам за САД, бегајќи од својот дом во поранешна Југославија и бомбардирањата на НАТО во војната на Косово. Сестрите немале ниту денар на свое име – оставиле зад себе сè што знаеле дотогаш. Само една од нив знаела да зборува англиски.
Жена седнала до нив во авионот и, потсетувајќи ја на своите ќерки, била трогната од нивната застрашувачка мака. Посегнала во чантата и извадила плик. Внатре ставила обетки, банкнота од 100 евра и рачно напишана белешка, на која пишувало:
„Многу ми е жал што бомбардирањето на вашата земја предизвика проблеми за вашето семејство. Се надевам дека вашиот престој во Америка ќе биде безбеден и среќен за вас – Добредојдовте во Америка – искористете го ова за да си помогнете. Пријателката од авионот – Трејси“.
Зборот „безбедно“ бил подвлечен. За сестрите бегалци Ајда Зугај и Вања Контино тоа значеше се.
Зугај се присети за Си-Ен-Ен : „Тоа беше прв пат кога почувствував олеснување. Ова е безбедно место и тука можеме да изградиме иднина. Од овој драстичен ужас преминавме во овој прекрасен чин на љубезност“.
Интервјуто на Зугај за Си-Ен-Ен подоцна ќе и помогне на неа и на нејзината сестра да се обединат со Трејси 23 години подоцна, и ќе ѝ даде до знаење на Трејси колку нејзиниот подарок им го променил животот. Потрагата по Трејси бил страстен проект со години.
За Зугај, белешката на Трејси станала „светлина во тунелот“ во нејзиниот нов живот во Америка, соочувајќи се со предрасуди кон имигрантите. Со текот на годините, Зугај побарала помош од авиокомпании, хотели, „Редит“ и неколку бегалски организации.
„Трејси, во тоа време, беше средовечна жена која играше тенис. Леташе од Париз, каде што престојуваше во Холидеј Ин и каде што играше тенис, до Амстердам, каде што се сретнавме на тој лет. Потоа од Амстердам до Минесота. Тоа се случи на 31 мај 1999 година“.
Како што претпоставувала Зугај, Трејси, била навистина тениски ентузијаст. Во 1999 година, таа добила шанса да патува на меѓународно ниво за да игра и да го гледа Отвореното првенство на Франција. Нејзината пријателка Сузан Ален, тениска тренерка, ја видела белешката на Трејси на социјалните мрежи и го препознала ракописот.
Ален ги ставила во контакт Зугај и Контино со нејзината пријателка, кои сега живеат во Бостон и Конектикат. Трите конечно можеа да го споделат долгоочекуваното емотивно обединување преку „Zoom“.
Коментирај анонимно