Две сестри од Австралија основале бренд за облека и се збогатиле за 1 ден

Сестрите Рејчел и Кејти Вејл му ја открија на свеотот својата неверојатно успешна приказна, откако организаторите на настанот Модна недела ги поканија да направат ревија на нивниот бренд во Париз. Еве ја кратката, но слатка успешна приказна.

Сестрите издизајнирале дуксери и тренерки во различни бои и во август 2021 го основале брендот Валијану, за време на големото заклучување во Сиднеј, Австралија. Целата колекција се распродала за 1 ден и девојките заработиле 10.000 долари. Следните 3 дена биле во шок, а потоа продолжиле да ја развиваат колекцијата, додавајќи нови парчиња облека.

„Не ни сонувавме за модна ревија – ни се чинеше нереално. Луѓето поминуваат години на универзитетите, потоа со години напорно работат за да создадат бренд, а ние веќе сме поканети да имаме своја ревија во Париз, затоа што на менаџментот му се допадна идеологијата на нашиот бренд. Само лудо“, велат сестрите.