Две современи англиски семејства на пикник (виц)
Одат два англиски брачни пара на пикник со шатори крај езеро на една недела. Сè е идеално, риби, музика, смеа, но почнало да им станува досадно. Еден од мажите предложил:
– Ајде вечерва да се размениме!
Речено, сторено. Се размениле.
Следното утро, едниот маж излегува, се протегнува и вели:
– Како беше, ти се допадна ли синоќа?
– Дааа, многу беше убаво.
– Ајде да одиме до другиот шатор да видиме што прават жените!
Коментирај анонимно