Две жени се загубиле и преживеале пет дена во автомобил покриен со снег

Две жителки на американскиот град Вискасет, Мејн, тргнале да одат во куглана, но го погрешиле патот и завршиле во далечна шума. Поради силниот снег, не успеале да излезат со автомобилот.

Кимберли Пушард (51) и Анџела Бусел (50), кои имаат интелектуална попреченост, биле на пат кон трговски центар во Јужен Портланд за да одат на куглање. Обидувајќи се да стигнат до трговскиот центар, кој е оддалечен еден час од нивниот град, тие по грешка се нашле во Масачусетс.

Жените застанувале многу пати за да им се јават на роднините и да ја прашаат полицијата како да стигнат дома, но никако не успеале да го најдат вистинскиот пат. Роднините на Американките ноќта го пријавиле нивното исчезнување во полиција. Телефонот на Пушард последен пат се пријавил на полноќ во близина на Кандиа, Њу Хемпшир. При истрагата полицијата утврдила дека жените последен пат биле видени на 500 километри од нивниот град. Застанале таму да го наполнат џипот, а потоа продолжиле, надевајќи се дека ќе го најдат патот до дома. Полицијата организирала воздушна потрага, но не нашла никого.

Во одреден момент, Пушард и Бусел завршиле покрај езерото Никатус, каде што тргнале по мала патека за моторни санки. Десет минути подоцна останале заглавени во снегот, каде останале додека не биле спасени пет дена подоцна. Сето тоа време преживеале во мраз, температурата се спуштила на -15 степени Целзиусови, и се грееле во автомобилот додека не снемало гориво.

Жените ги пронашол ловочуварот Бред Ричард, кој воопшто не планирал да помине таму каде што завршил автомобилот со жените и нивното пронаоѓање било чиста среќа. Мажот видел траги од автомобил на снегот и решил да провери за каков автомобил се работи. Пронашол црвен џип кој бил покриен со снег. Во близина на автомобилот немало човечки отпечатоци.

Чуварот се подготвил за најлошото и тропнал на вратата. Неколку секунди подоцна, две жени ја отвориле вратата. Им дал нешто да јадат и рекол дека мора да замине за да повика други луѓе на помош. „Добро, побрзај, те молам“, мирно одговорила Пушард.

Бусел била смрзната, ѝ била укажана лекарска помош во болница, по што била пуштена. Пушард имала неколку лузни и исчашувања. Ноќта ја поминала во болница.

„Да снемале гориво првиот ден, работите можеше да бидат поинакви“, нагласи полицијата.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *