Двејн  Џонсон „Карпата“ го доведе ветеранот до солзи со гест кој херојот ќе го памети цел живот 

Уште еднаш, Двејн Џонсон покажа зошто е миленик на сите, откако неговиот апсолутно неверојатен подарок остави еден ветеран во солзи.

„Карпата“ можеби е еден од навидум пострашните луѓе кои ќе ги видите на малите екрани, но се чини дека е и еден од најдобрите. Обожава да ги инспирира обожавателите, без разлика дали е тоа со изразување бескрајна благодарност на Инстаграм или застанувањето да поздрави и фотографира со фановите.

Ѕвездата од Џуманџи неодамна покани неколку луѓе на проекцијата на „Red Notice“, неговиот последен блокбастер на Нетфликс со Гал Гадот и Рајан Рејнолдс. За еден фан, тоа беше ден кој никогаш нема да го заборави.

На снимката се гледа како Џонсон разговара со публиката во киното по филмот, кога покажува кон Оскар Родригез. „Ја прочитав неговата приказна и бев навистина импресиониран“, вели тој, пред да го покани да дојде до него.

„Собрав колку што можев повеќе информации за сите во публиката и на крајот, приказната на Оскар ме трогна“, сподели Џонсон.

„Се грижи за својата 75-годишна мајка. Личен тренер. Водач во својата црква. Обезбедува поддршка и оброци за жените жртви на семејно насилство. Горд и скромен ветеран на морнарицата. Љубезно човечко суштество. Тоа е сè, брат. Само љубов“.

Родригез остана вчудовиден кога се сретна лице в лице со актерот. „Едноставно сум без зборови. Многу ми е мило што те запознав, се чувствувам толку охрабрен во моментов. Те следам на Инстаграм, ги слушам твоите зборови. Ме инспирираш. И да, ајде да го направиме тоа. Ајде да го промениме светот“, вели тој во видеото.

По разговорот, Џонсон го носи Родригез надвор за да му покаже нешто: неговиот нов автомобил. „Бегај одовде, брат!“, реагира ветеранот, пред да се расплаче и да ѝ се јави на својата девојка.

„Чест ми е да го израдувам  пријателот кој заслужува веројатно многу повеќе од ова возило“, додава ѕвездата.