Двете монахињи и манијакот што сакал да ги силува (виц)

Две монахињи отишле на пазар и многу се задржале.
– Сестро Марија, веќе е темно, а ние сè уште сме далеку од манастирот.
– Да, сестро Зорица, а забележа ли дека еден маж не следи?
– Логично: да не силува.
– Што ќе правиме?
– Логично: Ќе се разделиме. Ти натаму, јас наваму. Бидејќи сум поискусна, јас ќе одам пополека за да тргне по мене, а ти почни да трчаш.
Мажот тгнал по поискусната сестра Зорица.
Сестра Марија трчајќи пристигнала во манастирот, целата вознемирена. По половина час доаѓа и сестра Зорица.
– Што се случи?
– Логично: почнав да бегам, а тој почна да ме брка.
– И потоа?
– Логично: тој ме стигна.
– Боже мој! И ти што направи?
– Логично: си го кренав фустанот.
– Сестро!!! И што направи тој?
– Логично: си ги спушти панталоните.
– И потоа?
– Логично! Не ли е очигледно? Монахиња со кренат фустан трча многу побрзо од маж со спуштени панталони!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *