Двојка летала кон дома со својата новопосвоена ќерка и добиле забава каква што не очекувале

Ако некогаш сте летале во авион, сигурно знаете дека седењето до плачливото бебе не е идеално. Но, за патниците кои летале во истиот авион со Дастин Мур и неговата сопруга Карен, присуството на нивното мало бебе се покажа како незаборавно искуство.

Дастин и неговата сопруга се качиле на летот на „Саутвест ерлајнс“ за да патуваат дома во Калифорнија со нивната 8-дневна ќерка која штотуку ја посвоиле во Колорадо. Кога парот се качил во авионот, Мур веднаш им се извинил на своите сопатници.

Додека тој носел 4 торби, а неговата сопруга го носела „незаменливиот подарок“, двајцата знаеле дека може да предизвикаат сериозни проблеми за луѓето што седат околу нив.

Новите родители се мачеле да добијат бебе 9 години и тие апсолутно биле воодушевени тој ден кога биле „благословени со своето прво дете“. Тие се чувствувале исплашени, но решени во нивната нова улога како родители, но сè уште не знаеле какви изненадувања ќе добијат од другите патници на тој авион.

Во текот на летот бебето се разбудило и морала да ѝ се смени пелената, а услужната стјуардеса Џени им пронашла простор во задниот дел од авионот и им дала приватност. По промената, Џени и друг патник прашале зошто парот патувал со толку младо бебе, а Мур им ја раскажал нивната приказна за тоа како ја посвоиле и ја носат дома. Патниците биле воодушевени од приказната и им давале комплименти и честитки за нивната убава ќерка.

Околу 10 минути подоцна, друг стјуард, Боби дошол до парот и ги прашал за нивното бебе. Тие и на него му ја раскажале приказната. Потоа тој решил да им раскаже на сите патници дека има еден специјален гостин во авионот, нивната ќерка! Тој рече: „Таа е посвоена од нејзините родители Карен и Дастин и се враќа дома“. Во тој момент се слушнал аплауз во целиот авион.

Боби ги поканил сите патници да напишат неколку совети или охрабрување за семејството, а екипажот разделил пенкала и салфетки. Тогаш Боби ги собрал сите салфетки и почнал да чита некои пораки преку интеркомот:

„Тријте си ги вашите нозе и нозете на вашето бебе.“

„Одвојте време за ноќен состанок“

„Секогаш кажувај ѝ дека ја сакаш“

„Уживајте во секоја минута. Поминува многу брзо. “

Боби и Џени собрале околу 60 пораки за новите родители. Тие, исто така, му подариле на парот сет пилотски крилја за нивната ќерка. Да се сеќаваат на овој неверојатен лет дома, Дастин и Карен ги ставиле сите салфетки во албум со фотографии за кој се надеваат дека еден ден ќе ѝ го пренесат на нивната ќерка.