Џесика Рабит добива нов покриен изглед, а обожавателите се разочарани
За многу фанови на „Who Framed Roger Rabbit?“ (1988), Џесика Рабит била нивната прва симпатија.
Анимираниот женски лик со долги трепки, флертувачки поглед и долга, блескава, црвена коса, бил инспириран од легендите на „златното доба“ на Холивид од Рита Хејворт до Лорен Бекол.
Потегот на Дизни да го промени еден од најпознатите с*кс симболи во анимацијатам, заменувајќи го блескавиот црвен фустан на Џесика со скромно палто, ги разочара обожавателите.
Легендарниот женски лик со гласот на Ејми Ирвинг, Кејтлин Тарнер и други глумици, за сега ќе се промени само во тематскиот парк „Роџер Рабит“ на Дизниленд во Анахајм, Калифорнија, САД, но не и во филмот во режија на Роберт Земекис од 1988.
Таа ќе биде „помоќна и многу помалку оскудно облечена“, соопштуваат од Дизни.