Џиновски јапонски робот, висок 18 метри ги направи своите први чекори

Изградбата на огромниот робот, кој се базира на постојано популарниот робот Гундам, кој беше претставен во 1979 година во аниме серијата на Јошијуки Томино и Санрајс, „Мобилен костум Гундам“, започна во јануари. Додека тековната пандемија запре многу градежни проекти, реалниот робот Гундам сè уште успева да напредува.

Роботот е тежок 25 тони, должината на рацете му изнесува 190 сантиметри, додека пак има и има целосно артикулирани прсти.

На видеото може да се види како градежни работници кружат околу големиот робот со кран. Потоа може да се види како робот го движи горниот дел од телото напред и назад пред да направи обид за чекорење. Иако роботот „не тргна никаде“ сепак направи потег на движење.

Официјалното откривање на роботот требало да се случи во јули, но е откажано поради пандемијата, но од компанијата велат дека луѓето наскоро ќе можат да го видат џиновскиот робот во акција.