Џони Деп се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ

Славниот актер Џони Деп вчера пристигна во Белград и од аеродром се упати на прием кај претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Доаѓањето на холивудскиот актер е по повод промоцијата на неговата анимирана серија „Пафини“, произведена во Србија во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студио“.

Деп, како културен гостин, му донесе  подарок на Вучиќ, статуетка во форма на птица облечена во пиратски костим, идентична на ликот што тој го толкува во „Пафини“.

Вучиќ оцени дека овој проект е важен за целокупната креативна индустрија на Србија, како и за промоција на државата, а од неговиот кабинет објавија и дека ќе му доделат на Деп Oрден за заслуги поради почитта што ја покажува кон Србија и бројните проекти во кои се вработени голем број млади луѓе.

„Почестен сум со одлуката да ми биде доделен Орден за заслуги. Ќе ми биде голема чест да дојдам во Србија на 15 февруари и да присуствувам на свечената церемонија. Ќе продолжам да работам на промоција на вашата прекрасна земја“ изјави Џони Деп додека му се заблагодаруваше на претседателот Вучиќ за укажаната чест.