Е, не, ќе се влечка по судови: 34 годишна Бразилка му го ОТСЕКЛА на својот сопруг и се предала во полиција, откако открила мрачна семејна тајна

Сопругата која му го отсекла пенисот на сопругот и го фрлила во тоалетот, и кажала на полицијата во Бразил дека го направила тоа откако дознала дека тој спиел со нејзината 15-годишна внука.

 

 

 

34-годишната жена, која сè уште не е именувана, им рекла на полицајците во Атибаја, во близина на Сао Паоло, во Бразил, дека најпрво пробувала да го заведе својот сопруг да оди во кревет со неа. Откако го легната и му ги врзала рацете и нозете за креветот, таа извадила жилет и му ја откинала машкоста, јавуваат локалните медиуми.
Откако го фотографирала отсечениот орган, го фрлила во тоалетот, признала таа на 22 декември.

Кога подоцна се предала во полиција, им рекла дека го фрлила бидејќи „слушнала дека е можно повторно да се прикачи“.
Претходно таа отишла во нејзината локална полициска станица со нејзиниот брат и им рекла: „Добра вечер, полицаецу, дојдов да се предадам, бидејќи штотуку му го отсеков пенисот на мојот сопруг“.

 

 

Нејзиниот 39-годишен сопруг, исто така неименуван, бил пронајден жив и итно пренесен во болница, но неговата моментална здравствена состојба е нејасна. Неговата сопруга е во притвор и обвинета за обид за убиство.

Истрагата е во тек, а полицијата не го коментира тврдењето на жената дека имал секс со нејзината внука.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *