Е ова се претприемачи! Девојчиња извидници поставија штанд со колачиња пред продавница за канабис и работата им цвета!

И покрај тоа што сè уште може да се смета за доста контроверзна тема, сè повеќе држави го легализираат канабисот, без оглед на тоа дали станува збор за медицински или рекреативни потреби. Но, зошто да заработуваат само продавниците за марихуана?

Девојчиња извидници смислиле одличен план како со сигурност да продадат повеќе колачиња. Тие својот штанд го поставиле пред продавница за канабис и колачињата им се продаваат „како од шега“.

Локалните извидници за девојчиња во Андерсонвил, Илиноис го постави својот штанд со колачиња пред Dispensary33. Откако добија одобрување од вработените девојчињата се фрлија на работа и ги воодушевија купувачите. Портпарол на девојките извидници од пошироката област на Чикаго и Северозападна Индијана изјави дека станува збор за одлична идеја и девојките успеале да продадат дури неколку стотици кутии.

Наскоро девојчињата ќе почнат да продаваат колачиња пред повеќе продавници. Исто така и вработените од продажното место не можеле да им одолеат на колачињата па и тие си купиле по една кутија. Навистина генијална идеја!