Е за ова треба да земаме примери од другите држави: Британската влада планира кастрација за педофили и сексуални криминалци
Педофили и силувачи во Обединетото Кралство би можеле да се соочат со хемиска кастрација според новите планови што ги разгледува британската влада. Истражувањата покажуваат дека употребата на лекови за намалување на сексуалните нагони може да ги намали овие видови на криминал за речиси две третини. Министерката за правда, Шабана Махмуд, планира да го воведе третманот во 20 затвори низ Англија и Велс, како подготовка за национална програма. Таа, наводно, разгледува и можност за поширока примена на хемиска кастрација како мерка за заштита на јавноста.
Примерите од странство веќе покажуваат резултати
Хемиска кастрација веќе се применува во некои американски држави, како и во Германија, Франција, Шведска и Данска – каде што е доброволна и некои сторители сами ја бараат. Во Казахстан, пак, неодамна беше објавено дека 11 педофили ќе бидат подложени на масовна хемиска кастрација, при што државата финансира 24 инјекции годишно по сторител. Истовремено, британската јавност покажува поддршка – анкета од февруари покажала дека 67% од младите под 30 години се за хемиска кастрација на сексуални престапници.
Коментирај анонимно