Еден обичен ден на една битолска домаќинка
Ме фати ешта за торта. Чаре, ќе ја напраам, ама си дадов мувлет, кога ќе ми биди ујгун, значи во недела саба – саба,на раат. Таков ми е табието, кога правам нешто, не сакам во кујната да ми се мота уште некој, за да си гледа чешити и цело време да пљампа нешто. Отворив ќитапот со рецепти, клавам ѕрцалата, се пулам, се думам и на крај ја пронајдов – чоколадна торта. Од мастраф ми фали само чоколадо но колај работа, со ниет сум да одам до бакалница, ем ќе си напраам муабет со продавачката а башка ќе и направам алаш – вериш. Купив отпојќе чоколадо,галиба фазла ќе ми остани. Се џари продавачката оти купив пол кило чоколадо и ми вели: аман комшике, уѕур те фати на оваа скапотија торта да праиш. Бујрум и велам, поели во недела, знаеш оти ми е пуштена раката, белким ќе ја бендисаш, ако имаш к’смет да остане некое парче. Знаеш каков калабалак сме дома и за унер сите мераклии на благо, за резил сум кога ќе ми дојди непендек некој гостин, па немам ништо благо да го почастам, ми иде в земја да пропаднам, ифрит им сум на сите.
Демек по планот во недела бидна ја напраив тортата, се’ по ѓутуре, без мерка ама се погоди салам торта. До вечерта маф ја направија, ни трошка не остана од тортата. Полојна торта јаде оној мојо суртук, око не му трепна, исаф да се немало за благо. Машала му велам, крв да ти се стори, јадеш ко скинат, никакво фајде од тоа, како циронка си напраен. Не оти се склдиса, уште ишарет ми дава, да не кревам џева.
Анастасија Кокан Петровска
Забелешка: Текстот е напишан со користење на голем број турцизми, кои и ден денес се користат во битолскиот говор. Доколку нешто не ви е јасно, битолчани ќе ви објаснат во коментари.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.
Navistina? A kade ostanaa originalnite makedonski zborovi? Nie duri sme hristijani. Go poznavame vistinskiot Bog Sveta Troica.
Шо има веза едното со другото?! Кои се македонски зборови? Од кога е унифициран јазикот, си го прочитал ли правописот на унифицираниот јазик! Ние држава сме немале, па за јазик зборуваш.
Nove…sho stori ti matufff
далдисал сам не сам забакарил
Глупости
Ova e ko ke si misli nekoj oti znaj da zborva bitolski a ne znaj
Pa daj mu go prvo na nekoj od Bitola da ti go prevedi pa poslem puštaj go ako sakaš orginal bitolski da bidi
Vaka ne čini nema vrska
Немој ногу да се с’клдисваш Дејане, оти од ногу с’клма глата ќе те боли. Иначе, госпоѓата Анастасија Кокан Петровска е асли битолчанка и од неја мојш само да учиш како да станиш поарен битолчанец. Немој да мислиш оти ти го збораш најарно битолскио. Ако си битолчанец, стори ниет и најси кирилица букви и сетне кажвај прикаски. Жената си напиша то шо си сакаше и одма се крена ѓурултија. Те ова те она…усул да се немало.
Само тоа остана. Никој повеќе не го знае литературниот македонски јазик.
Toj što si igra majtap so Državata – iskreno go zamoluvam da ne go jade đabe lebot i da ni zema kislorod od podnebjeto ni. Vo sprotivno , zatvor, iLi da se protera doživotno. A za tekstot i originalnosta – edno golemo BRAVO
Jas ne ja poznavam zenata dali e od Bitola ili ne e, ama po muabetot e od Demihisarskite ili Kicevskite sela pa posle mozi preselena vo Bitola. Da, ima dosta zboroj Bitolski, ama mnogu se i selski koi nie vo gradot ne gi koristime.
Е ај и тебе да ти кажм два-три збора за и ти да не судиш предда ги знајш сите подробности. Изгледа дека баш ти си од тие села чим толку убо ги знајш како зборват. Госпоѓата Анастасија е асли битолчанка и сите шо имат нешто да кажат за неа, треба да кренат два прсти за дозвола. И…Јонче, ај кажи кој зборој се селски, по твој тертип демек?
Ми личиш на еден копук шо ме праша еднаш дали знам кај е Камен мост!!! А, јас баш на Камен мост сум напраен…демек сафи градски…од епицентаро на градо. Туку, шо прам муабет бадијала, ко нема да ме чактисаш…
Na kurdeles si praena, gospogo Zarko
Коментирај анонимно