Еден од терористите во Виена е од Македонија

Вчера во Виена беше извршен терористички напад во кој досега е потврдено дека животите ги изгубиле 5 лица. Еден од починатите е напаѓач, а починати се четири цивили, од кои двајца мажи и две жени, а 15 лица се тешко повредени.

Напаѓачот кој бил убиен од полицијата е со македонско потекло. Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер денеска потврди дека напаѓачот кој синоќа го изврши терористичкиот напад во центарот на Виена потекнува од Македонија. Тој бил застрелан од полицијата пред црквата „Св. Руперт“. Напаѓачот со себе носел огнено оружје, а на неговото тело бил пронајден и елек со експлозиви. Подоцна полицијата соопштила дека експлозивите биле лажни.

20-годишниот терорист имал 20 години и бил осуден за терористичко здружување. Тој имал австриско и македонско државјанство. Флоријан Кленк, главниот уредник на списанието „Фалтер“ објавил дека напаѓачот е Албанец од Македонија, роден и израснат во Виена.

Тој бил опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета, оружје со кое го извршил грозоморниот напад врз невините граѓани, според Нехамер. Бил извршен и претрес во уште 15 станови и дека се уапсени уште лица.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!