Еден збор според кој ќе можете да откриете дали соговорникот ве лаже во лице

Во едно неодамнешно издание на подкастот Diary of a CEO, адвокатот Џеферсон Фишер откри еден збор кој често го користат лажговците – и кој веднаш открива дека не ја зборуваат вистината. Тој збор е „никогаш“.

Фишер објасни дека луѓето кои се обидуваат да сокријат нешто често користат апсолути како „никогаш“ или „секогаш“. За да го покаже тоа, тој даде пример: кога му беше поставено прашањето „Дали праќаше пораки додека возеше тој ден?“, тој одговори: „Не, никогаш не праќам пораки додека возам“.

 

Еден збор според кој ќе можете да откриете дали соговорникот ве лаже во лице

Брз одговор во екстрема

„Забележете го зборот „никогаш“. Тоа е екстрема. А екстремите најчесто откриваат лага,“ рече тој. „Секој понекогаш праќа пораки додека вози, дури и во сопствениот автомобил. Зборовите „никогаш“ и „секогаш“ се сомнителни“.

Тој додаде и дека лажговците често одговараат премногу брзо, без да размислат или да се потсетат. За да ги фатите, советува да го повторите прашањето побавно. Така, личноста може да го повлече првичниот одговор, велејќи нешто како „па, понекогаш, да…“, што ги издава.

Дополнително, лaжењето може да влијае и врз менталното здравје. Истражување на Универзитетот Твенте во Холандија покажа дека луѓето кои лажеле имале пониско самопочитување отколку оние кои кажувале вистина. Од учесниците, 22% кажале себично ориентирана лага, 8% лажеле за да заштитат некого, а 69% изјавиле дека тој ден не лажеле.

 

Брз одговор во екстрема

Ониe што се сеќавале на ситуација кога лажеле, пријавиле пониско самопочитување отколку оние што се сеќавале на ситуација кога кажале вистина.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *