Единица по историја (виц)

– Тато, денес добив единица по историја.
– Е зошто бе сине, што не знаеше?
– Сѐ одговорив тато, не знам зошто ми пиша единица. Ме праша да кажам сѐ што знам за Александрија и јас кога почнав, прво за црното, па за белото и на крај кажав и за розевото вино.
– Па добро бе сине, а не ли ти текна на древниот град Александрија во Египет, што го основал нашиот Александар Македонски?
– Абе и мене ми беше малку чудно зошто на час по историја ме прашува за алкохол.