Единствената жена на смртна казна во САД наскоро ќе го дочека „судниот ден“ по грозоморното убиство кое го извршила

Судот ја поништи одлуката за одложување на егзекуцијата на осудениот убиец Лиса Монтгомери, единствената жена на смртна казна во САД. Во 2004 година, Монтгомери беше прогласена за виновна за смртта на 23-годишната Боби Стинет, која во тој период била во 8-миот месец на бременоста.

Монструозната Лиса откако ја убила Боби ѝ го исекла стомакот со кујнски нож и го извадила бебето за потоа да го киднапира и да вели дека е нејзино. Монтгомери требаше да биде погубена со смртоносна инјекција на 8 декември, но беше одложено затоа што нејзините адвокати се заразиле со коронавирус, додека ја посетувале во затвор.

Доколку се изврши погубувањето, таа ќе биде првата затвореничка што починала на смртна казна во скоро 70 години. Нејзиниот датум на погубување е презакажан на 12 јануари од Министерството за правда на САД, но адвокатите на Монтгомери тврдеа дека не може да се одреди нов датум додека работите се во застој.

Судот првично застана на страната на Монтгомери, но во петокот, 1 јануари, апелациониот суд заклучи дека доцнењето е направено по грешка и го врати извршувањето на казната.

Последната жена во САД која била погубена со смртна казна е Бони Хеди, во 1953 година, откако киднапирала и застрелала шестгодишно дете. Федералните егзекуции во САД беа во пауза 17 години пред претседателот Доналд Трамп да им нареди да продолжат во јули минатата година.