Единствениот чесен македонски фудбалски судија оди кај Свети Петар (виц)

Нова душа оди кај Свети Петар.
– Ти што беше на Земјата?
– Фудбалски судија.
– А-а-а, ве знам јас вас, корумпирана сорта…
– Не, Свети Петре, јас бев чесен судија! Дури и на мечот Вардар – Пелистер, среде Скопје, две минути пред крајот, на резултат 2:2 свирев пенал за Пелистер!
Свети Петар се чеша под ореолот:
– Чекај, чекај… Тој меч не сум го гледал… Кога беше тоа?
– Пред пет минути…