Една девојка му посака среќен роденден на нејзиниот татко со Даунов синдром и сите му се восхитуваат на овој силен човек

Не е тајна дека девојките имаат посебни односи со своите татковци. Тие се наши заштитници, поддршка и едноставно најдобри луѓе на земјата. Токму така се чувствува Ричи Ен Кастило. За неа нејзиниот татко кој има Даунов синдром е пример во животот за човек кој надминал многу работи. За неговиот 50-ти роденден таа напиша срцезатоплувачко писмо за нејзиниот татко, на кое никој не може да остане рамнодушен. Еве што напиша Ричи за нејзиниот сакан татко:

Драг, тато,

Денес се одбележува многу посебен и многу чудесен момент од твојот живот. Ти денес наполни 50 години и јас сум толку многу благословена што продолжуваш да живееш долг и убав живот. Лекарите сè уште се воодушевени од тоа! Знам дека нема да го прочиташ ова затоа што немаш Фејсбук, но сакам целиот свет да знае колку сум горда што си мојот татко. Сакам целиот свет да знае колку си убав внатре и надвор.

Тато, ми требаа многу години пред да соберам доволно храброст да се соочам со сите затоа што не сите ја знаат целата вистина затоа што е доста збунувачки. Во училиште ме малтретираа и велеа дека си различен. Како дете, не те гледав како поразличен те гледав како татко ми. Не разбрав зошто ме исмеваа и ме нарекуваа ненормална. Го разбрав ова подоцна и тоа ме направи кукавица. Но, ти заслужуваш повеќе од кукавичката ќерка како што сум. Ти заслужуваш љубов, разбирање, трпеливост и прифаќање, како што треба да има секој поединец со Даунов синдром. Еве, јас ти составувам роденденска честитка затоа што никогаш не сум направила такво нешто. Ти заслужуваш многу повеќе.

Тато, ти си најсилното и најхрабро човечко суштество што го познавам. Скоро целиот живот, дозволуваше докторите да вметнуваат игли во тебе и издржаа операции овде и таму, цел живот дијализа и долг список на ограничувања. Но, ретко се жалиш.

Тато, ниту една кличина на зборови не може да сумира колку жалам што сум отсутна ќерка. Жал ми е што не те носев на на плажа и не ти ја носев омилената храна или што не те посетував колку што треба. Ако имам нешто за што жалам, е тоа што те криев од мојот живот затоа што сè уште сум истото мало дете кое се плашеше од малтретирање. Но, те сакам повеќе отколку што некогаш можеше да знаеш, тато и секогаш сум инспирирана од тебе.

Можам да продолжам да зборувам за тебе, но ќе биде премногу долго. Среќен 50-ти роденден, тато! Ти благодарам што секогаш ме нарекуваше твоето единствено бебе затоа што секогаш ќе бидам. Јас сум силна и храбра поради тебе и многу те сакам, тато. Мислам дека сум доволно голема сега да се бранам од силеџиите. Со многу љубов, твојата ќерка.