Една едноставна навика којашто ќе ви го подобри здравјето на цревата – без потреба од чудни интервенции, како на пример фекални трансплантации

Фекалните трансплантации во последниве години стануваат сè попопуларна медицинска интервенција за подобрување на цревната микрофлора, лекување рак и дури и забавување на стареењето. Но, ново истражување објавено во списанието Nature покажува дека добрата стара здрава исхрана може да биде поефикасна од внесувањето туѓа столица во телото.

Истражувачи од неколку земји анализирале како исхраната влијае врз обновата на микробиомот по третман со антибиотици. Дел од глувците биле хранети со т.н. западна диета – богата со масти, сиромашна со влакна – додека други добивале здрава, балансирана исхрана.

 

Една едноставна навика којашто ќе ви го подобри здравјето на цревата - без потреба од чудни интервенции, како на пример фекални трансплантации

Организмот има потреба од добри бактерии

Резултатите биле јасни: глувците со здрава исхрана закрепнале речиси целосно за само една недела, додека оние со западна исхрана покажале сериозно нарушување на микробиомот, со само една доминантна бактерија која останала со недели. Обидите за подобрување со фекални трансплантации биле неуспешни ако глувците не јаделе здраво.

„Идејата дека можеме едноставно да внесеме здрави микроби и тоа ќе ги реши проблемите не функционира ако организмот не добива правилна исхрана“, вели коавторката на студијата, Меган Кенеди од Универзитетот во Чикаго. „Без влакна и нутриенти, тие добри бактерии едноставно не можат да преживеат.“

 

Организмот има потреба од добри бактерии

Не е потребна драстична интервенција, само промена на начинот на живот

Ова откритие објаснува зошто фекалните трансплантации кај некои пациенти успеваат, а кај други не. Најважниот заклучок? За здрава цревна флора не е потребна драстична интервенција – доволно е да се внесува храна богата со растителни влакна, како што се бобинки, грав, јатки, семки, овес, леќа и авокадо.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *