Една од најслушаните пејачки на Spotify со дневна заработка од 2.300 евра откриена како вештачка интелигенција која не постои
Една од најслушаните изведувачки на Spotify, со дневна заработка од околу 2.300 евра преку стримови, всушност е целосно креирана од вештачка интелигенција. Соул пејачката Сиена Роуз ги маѓепса љубителите на музиката со своите заводливи песни и доби пофалби за нејзиниот „прекрасен“ и „засилен“ глас. Но, нејзиниот лик, глас и песните што го воодушевија светот се вештачка креација.

Содржина:
- Песните, гласот и ликот на Сиена Роуз се целосно лажни – таа не постои во реалноста
- Песните и креацијата зад Сиена Роуз генерираат приходи од 2.300 евра дневно – нејзините проекти издаваат нова ера во музиката
- Истиот креатор стои и зад успешен AI реге проект со стотици илјади слушатели
- Spotify се обидува да ги ограничи AI злоупотребите, но борбата против лажни уметници станува се потешка
Песните, гласот и ликот на Сиена Роуз се целосно лажни – таа не постои во реалноста
И покрај големата слава и стотици илјади пофалби од фанови, за пејачката се откри дека нејзиниот глас, лик и дури и самите песни се создадени со вештачка интелигенција. Spotify сè уште дозволува нејзината музика да се слуша без никаква напомена дека станува збор за нерелна личност, додека сега се верува дека нејзиниот „сопственик“ е истиот човек кој ја создаде и AI реге групата Let Babylon Burn. Ова не ја спречи Сиена виртуелно да „освојува“ и да инкасира голем приход секој ден.

Песните и креацијата зад Сиена Роуз генерираат приходи од 2.300 евра дневно – нејзините проекти издаваат нова ера во музиката
Сиена Роуз во септември издаде миниалбум со шест песни ‘Velvet Embrace’, по што следуваше уште еден проект со осум песни наредниот месец и со девет ‘The Shape of Tenderness’ во ноември. Во декември „објави“ и свој „дебитантски албум“ наречен Honey On The Moon со десет песни. Описот на албумот гласи: „Инспирирана од аналогните текстури на соул музиката од 1960-тите, а сепак втемелена во модерниот звук, музиката на Сиена е филмска и длабоко лична. Секој тон што таа го пее носи чувство на вистина и убавина, претворајќи ја Сиена Роуз не само во изведувач, туку и во раскажувач на срцето.“
Истиот креатор стои и зад успешен AI реге проект со стотици илјади слушатели
Според информациите што ги објави ‘The Sun’, Сиена Роуз е дело на истото лице кое стои зад Let Babylon Burn – уште еден AI реге проект со 756.000 месечни слушатели. Се претпоставува дека човекот зад овие проекти е Роберт Ланкастер, но за него малку се знае. Претставник на Spotify изјави дека „широк спектар изведувачи користат AI за креирање музика, поради што и контролирањето и означувањето на ваквата содржина е исклучително отежнато“.

Spotify се обидува да ги ограничи AI злоупотребите, но борбата против лажни уметници станува се потешка
Платформата објави дека ќе го отстрани секој запис што на кој било начин имитира друг артист без дозвола – било да е тоа преку AI синтеза на глас или друг метод. Ова ги опфаќа и содржини во кои гласовно не се именува имитираната личност, доколку вокалот е „јасно препознатлив“. Само во 12-те месеци до септември лани, Spotify има отстрането 75 милиони нумери создадени од AI и воведе нови алатки за потешко нелегално прикачување и користење.

Коментирај анонимно