Една жена остана запрепастена откако од јајце што го купила од супермаркет имало „изненадување“

28-годишната Адел Филипс реши да експериментира откако прочита на интернет за луѓето кои инкубираат јајца од продавница за да видат што ќе се случи.

Адел реши да го проба трендот и за чудо, еден месец подоцна, на светот дојде мало слатко патче.

Погледнете ги првите моменти на патчето тука:

Адел вели дека сите сметале дека е „луда“ заради експериментот, но таа докажа дека тие не се во право.

Таа објасни: „Видов некој како прави предизвик на ТикТок и сакав да се обидам и јас. Кога го купивме јајцето, мајка ми ме праша: „Дали си сигурна?“. Веќе имав купено инкубатор, а јајцата почнав да ги затоплувам уште по пат накај дома, но знаев дека тие стоеле на полиците во продавница веќе некое време, па си помислив дека можеби нема да успее“.

Таа открила дека јајцето има плод во него откако светнала со ламба и ги видела вените внатре.

Адел продолжи:

„Воодушевена сум и навистина ме погоди кога видов како излегува од својата обвивка. Помислив: Што направив?. Моето милениче лесно можеше да биде на нечиј оброк“.

Адел реши да ја здржи патката- сега наречена Бреддок Морис.