Едно момче го оставило своето куче пред засолниште со посебна порака која ги скрши срцата на вработените

За жал светот не е секогаш убав и шарен. Понекогаш треба да се донесат тешки одлуки, дури и да ви го растажуваат срцето.

Пред неколку дека ова 12-годишно момченце морало да донесе иста таква одлука. Во засолниште во Мексико, наречено Xолин, пред прагот било оставено едно неодоливо кученце.

Кучето било оставено во кутија, а во неа имало играчка и едно писмо. Откако го прочитале присмото вработените се растажиле, но во исто време и се разнежниле што ова момче еден ден ќе порасне во прекрасна личност.

Во писмото пишувало: „Јас се викам Андрес и имам 12 години. Мајка ми и јас решивме да го оставиме на вас. Сето ова е зад грбот на татко ми, затоа што тој размислуваше да го продаде. Но, тој секогаш го тепа и го клоца кучето. Еднаш го удри толку силно што му ја повреди малата опашка. Се надевам дека ќе можете да му помогнете и да се грижите за него. Еве кадифена играчка, за да не ме заборави.“

Од засолништето го однеле кучето на ветеринар бидејќи опашот му бил скршен. Исто така го прочистиле кучето и од паразити. Благодарение на нивната објава огромен број на луѓе сакаат да го посвојат кучето кое од засолништето го добило името Рене.

Идентитетот на момчето не е познат, но сите се надеваат дека Андрес еден ден ќе може да си има свое кученце и заедно ќе живеат во хармонија.