Едно „уникатно“ компирче чипс се продава по неверојатна цена од која ќе ве заболи глава
Имајќи ја предвид просечната цена за пакување 200- грамски чипс „Принглс“ што чини околу 200 деари, јас лично не би очекувал да платам многу повеќе од 2 денари за едно компирче „Принглс“. Иако, да бидам фер, немам тенденција да купувам само едно компирче.
Затоа, во најмала рака сум изненаден што видов дека едно компирче „Принглс“ се продава на „eBay“ за 760 евра.
За мене е несфатливо зошто некој би платил толкава сума за толку вообичаена работа. Мислам, колку и да е вкусен чипсот, едно крцкање и го нема засекогаш и, познато, само ќе сакате повеќе.
Сепак, се чини дека вкусот овде не е посебната продажна точка, при што супермоќта на оригиналниот вкус на „Принглс“ очигледно доаѓа од неговата форма.
Причината зошто ова тенко компирче се продава по толкава цена е наводно неговиот „уникатен изглед“, наместо стандардната брановита форма, овој примерок е превиткан.
Испораката до дома ќе ве чини различно во зависност од тоа на кој крај на светот живеете, но ако побрзате можеби ќе фатите и некој попуст.
Ако мислевте дека вашите роднини трошат пари на глупост за време на празниците, потсетете се дека за овој „уникатен Принглс“ има голема заинтересираност.