Едноставниот трик што, според невронаучниците, ќе ви помогне побрзо да научите нова вештина
Учењето нова вештина – било да е тоа свирење инструмент, градинарење или нов јазик – бара време, труд и многу повторување. Но, според ново истражување од Институтот за невронаука при Универзитетот во Орегон, постои едноставен и пријатен начин да го забрзате целиот процес: додајте пасивна изложеност на сето она што го учите.
Како побрзо да совладате нова вештина?
Покрај практиката и повратната информација (како кога вежбате гитара, гледате дали цвеќињата процветале, или пробувате да го погодите изговорот на нов збор), истражувачите открија дека слушањето, гледањето или набљудувањето нешта поврзани со таа вештина — дури и без активно учество — има огромно влијание.
На пример, ако учите да свирите блуз на гитара, пуштајте си често Howlin’ Wolf или Robert Johnson. Ако учите да готвите, гледајте кулинарски емисии додека се одмарате. За нов јазик — филмови, серии и подкасти на тој јазик. Пасивната изложеност, особено преку слух, му помага на мозокот да ја препознае структурата, ритамот и контекстот на новите информации.
Што е пасивна изложеност и зошто е корисна?
Во експеримент со глувци, тие учеле како да најдат вода со помош на различни звуци – некои ги добивале тие звуци само додека ја барале водата (активно учење), а други и додека одморале (пасивна изложеност). Оние што биле и пасивно изложени на звуците учеле побрзо. Овој принцип се применува и кај луѓето – истражувањата покажуваат дека менталната визуализација и слушање информации ја подобруваат вистинската изведба.
Иако студијата е направена на глувци, слични ефекти се забележани и кај луѓе – особено кај спортисти кои ментално репетираат движења. Заклучокот е јасен: не е потребно само интензивно учење – изложеноста на содржина поврзана со вештината, дури и во пасивна форма, му дава на мозокот огромна предност.
Коментирај анонимно