Едукацијата за најмалите може да биде забавна и онлајн: Научете нешто ново со тетка Кате

Тетка Кате е дипломиран педагог и таа сака да пренесува знаење и да ги забавува децата истовремено. Учењето низ игра и забава често се покажува како најпродуктивно. Тетка Кате има свој Јутуб канал од едукативен карактер и од неодамна почна да споделува содржина која ќе им е од корист на дечињата, а ќе им се допадне и на родителите.