Египетската стомачна танчерка доби 3 години затвор заради овие слики, а во пресудата стои „промовирање на промискуитет и неморал на социјалните мрежи“
Во април 2020 година, египетските власти поведоа кривична постапка против танчерката Сем Ел-Масри под обвинение за промовирање на промискуитет и неморал. По само неколку месеци, судот донесе пресуда – три години затвор, како и парична казна од 300 илјади египетски фунти (16.500 евра).
На почетокот на годината, египетската влада уапси неколку познати ТикТокерки и Инстаграмџики, за кои тие сметале дека се „рааспуштеници“. Меѓу нив беше и стомачната танчарка Сем Ел-Масри, која го извлече подебелиот крај. Сепак, девојката нема да се откаже без борба. Таа ги негираше обвинувањата и изјави дека доказите што се појавиле во судот биле приватни фотографии украдени минатата година од нејзиниот мобилен телефон и објавени без нејзина согласност.
За жал, Ел-Масри е далеку од единствената жртва на борбата на Владата на Египет за „морал“. Откако беше усвоен законот за компјутерски криминал во 2018 година во земјата, кој овозможува цензурирање на публикациите и следење на кореспонденцијата, неколку познати девојки на социјалните мрежи беа осудени за „промовирање на промискуитет“.