Ексклузивно: Новото видео кое Луис Рубиалес им го испрати на ФИФА, за да се брани од обвинувањата за бакнежот
Сега, се појави нова снимка од автобусот на шпанскиот тим, на која се гледа како Хермосо се смее на мемињата на социјалните мрежи од неа и Луис Рубиалес. Таа потоа покажува слика од Икер Касиљас како ја бакнува репортерката Сара Карбонеро, откако машкиот тим Ла Роха го освои Светското првенство во 2010 година.
Рубиалес потоа беше снимен како влегува во автобусот, а тимот постојано пееше „бесо“, што значи „бакнеж“.
Тој е суспендиран од ФИФА, но претседателот на шпанската федерација сега го испрати видеото до организацијата бидејќи сака да се брани, пишува „Ел Еспанол”.
Приказната доминираше во вестите во Шпанија, а останува да се види како ФИФА ќе му одговори на Рубиалес откако го испрати видеото.
Коментирај анонимно