Експериментот со „Виолинист во метро“ кој покажа колку се искривени човечките вредности

Доколку слушнете за некој добар музичар, уметник, научник го величите неговото име и дело, иако не знаете доволно информации за него. Но, дали би го препознале музичарот или уметникот само по неговите дела, без светлата од рефлекторите и обрнатото внимание кон нив? Што всушност ние цениме кога станува збор за познатите луѓе и уметноста?

На 12 јануари 2007 година, околу илјада утрински патници кои минуваа низ метро станица во Вашингтон, без рекламирање, добија бесплатен мини концерт изведен од виртуозот на виолина Џошуа Бел кој свирел 45 минути, изведувајќи шест класични парчиња (од кои две биле на Бах), на неговата рачно изработена виолина Страдивариус од 1713 година (за која Бел наводно платил 3,5 милиони долари).

Само 6 лица застанале за да го слушаат некое време. Околу 20-тина му дале пари, но продолжиле да одат со нормално темпо. Музичарот успеал да собере 32 долари. Откако престанал да свири и тишината се вратила, никој не го забележал тоа.

Никој не аплаудирал и не добил ниту најмало признание. Никој не забележал дека еден од најдобрите музичари во светот ги свири најкомплицираните парчиња што некогаш биле напишани, на виолина која чини 3,5 милиони долари.

Експериментот покрена неколку интересни прашања за тоа како не само што не ја цениме убавината, туку и до кој степен поставувањето и презентацијата прават разлика. Три дена претходно Бел имал концерт во Симфониската сала во Бостон, која била целосно полна и најевтината карта чинела 100 долари.