Експерт за говор на тело го открива дека Џони Деп и неговата адвокатка флертуваат цело време додека трае судењето, но тоа не е спонтано и ненамерно
Експертот за говор на телото Џуди Џејмс ја анализираше невербалната врска помеѓу Џони Деп (58) и неговата адвокатка Камила Васкез (37) во судницата за време на неговиот случај за клевета од 100 милиони долари против поранешната сопруга Амбер Херд (36). Според неа, „флертувачкото“ однесување на славниот актер и неговата адвокатка е најверојатно свесна тактика за негово прикажување како „романтичен херој“, со цел да ги придобие симпатиите на јавноста и поротата во судницата.

Таа тактика дава резултати бидејќи фановите веќе почнале да се прашуваат дали има нешто повеќе освен флерт помеѓу нив двајца. Сепак, Џејмс објасни дека љубовните моменти меѓу нив најверојатно не се должат на тајна врска, туку се дел од планот Деп да изгледа како „романтичен херој“. Таа рече дека поврзувањето на Деп со „млада, паметна и самоуверена жена“ ќе го „уништи“ раскажувањето на Херд за нивната токсична врска.
За време на судењето, Џејмс забележала дека Деп и Васкез „едвај можат да ги држат рацете еден од друг“. Исто така рече дека нивното збогување ја потсетило на моментот кога ликот на Кејт Винслет во Титаник, Роуз, ја загуби љубовта на нејзиниот живот – Џек, кој го игра Леонардо Ди Каприо. Потоа додаде „ Изгледа флертувачки, но веројатно тоа е поентата. Тоа не би било прв пат правен тим да користи визуелни сигнали за да создаде најсилна невербална порака“.
Додека Камила Васкез ја напуштала судската зграда, еден новинар ја прашал за шпекулациите околу љубовната врска со Деп, а на тоа, таа само се насмеала и им мавтала на толпата обожаватели собрани надвор. Камила Васкез е родена во јули 1984 година од родителите Леонел и Марилија Васкез, кои имаат колумбиско потекло. Васкез дипломирала на Универзитетот во Јужна Калифорнија и се стекнала со диплома за уметност, комуникации и политички науки во 2006 година. Интерсеен факт за неа е дека нема никакви јавни профили на социјалните мрежи. Доста успешно го крие својот личен живот и токму затоа е уште помистериозно дали е во некаква љубовна врска или не.

Според експертот за говор на тело, Васкез се чини дека „го ужива секој момент од нејзината улога на „славна личност“ и заклучи дека треба да покаже времето дали оваа „врска“ помеѓу славниот актер Џони Деп и неговата адвокатка Камила Васкез, навистина се темели на љубовни чувства или пак е најциничен психолошки трик со сосема друга позадина и цел.
