Експерти споделуваат интересна теорија за вистинското значење на деветте нови уметнички дела на Бенкси кои се појавија во Лондон

Експерт зборуваше за новото уметничко дело на Бенкси што се појави во Лондон во последните неколку дена и изгледа толкувањето не е онакво какво што многумина мислеа.

Деветтото парче по ред на уметникот беше откриено во вторникот (13-ти август), сместено на зоолошката градина во Лондон. Во интригантното дело беше прикажана горила која крева чаршаф за да ослободи други животни, вклучувајќи птици и нешто што изгледа како фока.

И покрај тоа што неговиот идентитет многу се шпекулира – и многу имиња се зборат низ годините – вистинското јас на Бенкси никогаш не е откриено. Се верува дека неговото прво дело, на кое се гледа како мече фрла експлозив врз тројца полицајци, е насликано во Бристол во 1999 година. Неодамна, анонимниот уличен уметник создава различни уметнички дела на тема животни и ги објавува на својот „Инстаграм“ профил секое попладне.

 

 

Новата серија на дела, секако, ја размрда јавноста,па многумина се прашуваат што може да значи колекцијата. Се разбира, има секакви теории кои кружат околу тоа зошто Бенкси избрал да вклучи животни и зошто создал толку многу дела во еден период.

Во вистински стил на Банкси, ниту еден од муралите нема додаден контекст, па на крајот тоа е оставено на толкувањето на јавноста.

Но, сега, експерт од „MyArtBroker“ откри една фасцинантна теорија зад новото дело – и зошто значењето на уметноста всушност може да биде многу непријатно.
„Се сугерираше дека е „само за забава“ за да се разубави светот, но ништо со Бенкси не е само за забава“, вели Шарлот Стјуарт, извршен директор во „MyArtBroker“.

„Уличните дела на Бенкси се наменети за јавноста и како такви се за секој лично да ги толкува. За мене, лично, тие го претставуваат постепеното градење на ковчегот, како што го прави библиската приказна за Ное кога светот требаше да започне одново. Претставувајќи масовен егзодус. Подеднакво, Бенкси е познат по своите дела кои вклучуваат благосостојба на животните, како што се „Баркод“ и „Смеј се сега“, коио покажуваат теми на активизам на животните. Тоа е тема со која не се занимавал во последниве години, но се чини дека е нескладен фокус со состојбата на светот во моментов, светските војни и актуелната политика“.

Без оглед на значењето, делото секако изгледа значајно, особено ако се земе предвид дека уметникот никогаш не создал формат како овој.

Џаспер Тордоф, кој е специјалист за Бенкси во „MyArtBroker“, додаде: „Мислам дека Бенкси деликатно ја држеше јавноста во незивесност дашпекулира за неговите следни потези во текот на изминатата недела. Вообичаено, го гледаме Бенкси како прави едно или две дела поради еден голем настан во светот, додека оваа серија во Зоолошката градина не е формат што сме го виделе претходно“.

Целосната колекција создадена (досега) од Бенкси можете да ја видите подолу:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *