Експертска анализа: Зошто почна војната во Иран и каде може да заврши
28 февруари 2026 година. САД и Израел го ликвидираат ајатолахот Али Хамнеи. Ормузскиот теснец е блокиран, а Блискиот Исток повторно се најде на работ на голем регионален конфликт. Но корените на оваа криза не започнуваат во 2026 година — тие се децении, па и повеќе од еден век стари, длабоко поврзани со геополитиката, енергијата и борбата за влијание на Блискиот Исток.
Во оваа анализа, еден геополитички ентузијаст кој со години ја следи глобалната политика се обидува да ја разложи ситуацијата од поширока перспектива. Со историски контекст, конкретни бројки и три можни сценарија за тоа каде може да води оваа криза, тој нуди поглед што ретко се слуша во мејнстрим медиумите.
Важно е да се нагласи: оваа анализа е хипотетичка и претставува обид да се разберат можните насоки на развој на настаните — не тврдење дека тие нужно ќе се случат.

Содржина:
- Британско-француските граници и американската нафта се коренот на секој конфликт на Блискиот Исток
- Нуклеарниот договор меѓу доверба и предавство: како Иран стигна до 60% збогатување на ураниумот
- 28 февруари 2026: Операција ‘Epic Fury’ го убива Хамнеи и носи нова фаза на војна и одмазда во регионот
- Ултиматумот од Трамп бил намерно поставен за Иран да не го прифати, носејќи го конфликтот на повисоко ниво
- Математиката на ракетите: Хезболах со евтини ракети ги истоштува милионските израелски одбрани
- Нов фронт: Хутите може да го блокираат Црвеното Море и да го осакатат протокот на нафта низ Ормузскиот теснец
- Војната не зависи од поединец: наследникот на Хамнеи и клучната улога на Револуционерната гарда
- Три можни сценарија: контролирана ескалација, промена на режим или голема граѓанска војна
- Иранската војна не е Ирак: планините, демографијата и Ормуз го прават секој обид за инвазија невозможен
- Статус-кво без крај: Ормуз е блокиран, цените на нафтата лудуваат, компромисот е невозможен
Британско-француските граници и американската нафта се коренот на секој конфликт на Блискиот Исток
Вистинските корени на конфликтите на Блискиот Исток биле „великодушно подарени” на регионот уште во Првата светска војна. Британците и Французите со лажни и паралелни ветувања трасирале граници и сојузи кои и денес се основа на секоја криза. Американците подоцна додале свој придонес, особено откако Иран ја национализирал сопствената нафтена индустрија. Тоа довело до иранската револуција од 1979 и сите тековни судири.
Али Хамнеи бил не само политичар туку и врховен командант, духовен авторитет и клучен одлучувач речиси четири децении. Иран под негова власт станал централна сила со ракетен арсенал и моќни прокси групи – Хезболах, Хути и шиитски милитанти во Ирак. Во исто време, Иран се соочувал со санкции, економска криза, обвинувања за недостаток на човекови права, цензура и корупција.

Нуклеарниот договор меѓу доверба и предавство: како Иран стигна до 60% збогатување на ураниумот
За да се користи уран во нуклеарни електрани, тој обично се збогатува на ниво од околу 3 до 5 проценти. Проблемот настанува кога збогатувањето оди значително повисоко, бидејќи тогаш технологијата може да се користи и за производство на нуклеарно оружје. Токму тоа беше главната грижа на САД и нивните сојузници во однос на иранската нуклеарна програма.
Во 2015 година беше постигнат нуклеарниот договор со Иран. Според него, Иран се согласи да го ограничи збогатувањето на уран на 3,67%, да намали дел од своите нуклеарни капацитети и да дозволи меѓународни инспекции. За возврат, дел од меѓународните санкции беа укинати. Според извештаите на Обединетите нации, Иран го почитувал договорот во првите години.
Но во 2018 година, администрацијата на Доналд Трамп одлучи да се повлече од договорот и повторно воведе санкции, со аргумент дека договорот не е доволно строг и не го спречува Иран на долг рок да развие нуклеарно оружје.
По американското повлекување, Иран објави дека повеќе не се чувствува обврзан од договорот. Постепено почна да ги намалува ограничувањата и на крај го зголеми збогатувањето на уран до 60%, што е значително поблиску до нивото потребно за нуклеарно оружје.
Во 2025 година, администрацијата на Трамп излезе со нови барања: целосен и траен прекин на збогатувањето на уран, ограничувања на иранската ракетна програма и запирање на поддршката за прокси-групи во регионот. Техеран ги доживеа овие услови како директен напад врз својата безбедност и регионално влијание и ги одби.
Неколку месеци подоцна, во јуни 2025 година, Израел изврши воздушни напади врз ирански нуклеарни објекти и високи воени и научни фигури. Следеше краток, но интензивен конфликт што траеше 12 дена. Иако предизвика сериозна ескалација, конфликтот не донесе трајно решение.
По тоа, започна нова рунда дипломатски преговори, кои траеја сè до февруари 2026 година.

28 февруари 2026: Операција ‘Epic Fury’ го убива Хамнеи и носи нова фаза на војна и одмазда во регионот
САД и Израел ја започнуваат Операција ‘Epic Fury’. Ајатолахот Хамнеи и неколку високи функционери се убиени. Реакцијата во Иран е поделена: дел од населението прославува, дел ја жали загубата и бара одмазда. Иран одговара со ракетни и дрон напади врз американски бази и сојузници: Израел, ОАЕ, Катар, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Јордан, Ирак, Оман, како и британската база на Кипар и Азербејџан. Идентификацијата на напаѓачите не е комплетно потврдена во моментот на снимање.
Ормузскиот теснец, низ кој поминуваат над 20% од светската нафта, е блокиран. Ова не е само воена акција, туку економски удар со глобални последици.

Ултиматумот од Трамп бил намерно поставен за Иран да не го прифати, носејќи го конфликтот на повисоко ниво
Иран има право да збогатува уран за мирновремски цели, загарантирано од ОН во 1968 година. Трамп тоа го знае, но намерно поставува ултиматум што Иран нема да го прифати. Техеран е свесен: попуштањето кон Вашингтон значи слабост и отвара врата за нови барања. Хамнеи инсистирал преговорите да останат само за нуклеарното прашање, додека САД ги проширија и на прокси групите и ракетите. Аналитичарот е дециден: ‘Трамп намерно испука ултиматум кој знаел дека Иран нема да го прифати.’ Ова им отвара пат за операцијата ‘Epic Fury’.

Математиката на ракетите: Хезболах со евтини ракети ги истоштува милионските израелски одбрани
Израел има најразвиени системи за противракетна одбрана: ‘Стрела’ (неколку милиони долари по пресретнување), ‘Давидова прашка’ (околу еден милион), ‘Железна купола’ (150.000 долари), и ‘Железен ласер’ (2-3 долари по куршум, но со мал дострел од 10 км). Хезболахова ракета чини 400 долари. Теоретски може да испукува 3.000 ракети дневно (околу милион долари дневно), додека Израел, за да ги пресретне сите, троши десетици до стотици милиони долари секој ден. Асиметријата во трошоци е основа на стратегијата на Хезболах.
Проценките за број на ракети се движат од 25.000 до 200.000.
Нов фронт: Хутите може да го блокираат Црвеното Море и да го осакатат протокот на нафта низ Ормузскиот теснец
Хутите во Јемен би можеле дополнително да го прошират конфликтот со блокирање на пловидбата во Црвеното Море и со лансирање ракети со долг дострел кон израелската лука Ејлат и саудиските нафтени постројки.
Во меѓувреме, шиитските милиции во Ирак веќе извршија напади врз американски воени бази, што покажува колку брзо конфликтот може да се прошири низ целиот регион.
Најсериозната ескалација би била целосна блокада на Ормузскиот теснец — клучна поморска рута низ која поминува повеќе од 20% од светската нафта. Таков потег би имал последици далеку надвор од Блискиот Исток: нагло зголемување на цените на енергенсите, нарушени глобални синџири на снабдување и економски шокови во многу држави.
Војната не зависи од поединец: наследникот на Хамнеи и клучната улога на Револуционерната гарда
По устав, се формира привремен совет за раководство, но вистинската моќ е кај Исламската револуционерна гарда (IRGC). Фаворит е Моџтаба Хамнеи – синот на убиениот ајатолах, познат по влијание зад кулисите и врски со IRGC. Иранскиот амбасадор го демантираше ова на 5 март, но логиката е јасна.
‘Убивањето на Хамнеи не значи автоматски рушење на системот.’ Режимот не се врти околу едно лице. Новиот врховен водач ќе мора да биде уште потврд и можеби уште поагресивен во нуклеарното вооружување за да се зацврсти.
Три можни сценарија: контролирана ескалација, промена на режим или голема граѓанска војна
Прво сценарио — контролирана ескалација: Иран демонстрира сила со ракетни и дрон напади, но избегнува целосна војна. Ризикот е ако продолжи да напаѓа, ќе ги обедини сите против себе.
Второ сценарио — промена на режим со утврдување поумерена власт пријателски ориентирана кон Вашингтон. Како што зборува Трамп: ‘Америка им носи слобода, сакале тоа Иранците или не.’
Трето сценарио — граѓанска војна: различни фракции на режимот и малцинства влегуваат во оружен судир, создавајќи хаотична и долга војна како во Сирија, но на поголема скала.
Иранската војна не е Ирак: планините, демографијата и Ормуз го прават секој обид за инвазија невозможен
Иран е четири пати поголем од Ирак и има двапати повеќе население. Планинските венци и пустините создаваат идеални услови за герилска одбрана. Заблокираниот Ормузски теснец го комплицира секој обид за инвазија. Историски паралели се наоѓаат во Виетнам или во советското искуство во Авганистан. Дополнително, се појавуваат назнаки дека ЦИА се подготвува да ги вооружи Курдите за поттик на внатрешен бунт.
Статус-кво без крај: Ормуз е блокиран, цените на нафтата лудуваат, компромисот е невозможен
Иран објавил дека не сака нови преговори со Америка бидејќи веќе двапати преговарале во изминатата година и нема доверба во американските зборови. Трамп првично тврдел дека сѐ ќе заврши за 4–5 недели, а потоа го продолжил рокот на 100 дена — или до септември 2026. ‘Првата светска војна ќе заврши до Божиќ, нели?’
Ормузскиот теснец е фактички блокиран. Цените на нафтата се во турбулентност. Следниот водач, кој и да биде, мора да се прикаже тврд за да ја задржи поддршката и да го смири народот кој го гледа убиениот Хамнеи како маченик. Аналитичарот заклучува: ‘Овој статус-кво ќе се повторува во недоглед. Не затоа што никој не знае излез — туку затоа што ниту една страна не сака да плати цена на вистински компромис.’

So pa vie tolku mu se zasekiravte na IRAN A? MAMU VI EBAM!!! Iran stara Persija vie ste ste ja osvajale stara Persija so ALEKSANDAR MAKEDONSKI OVOJ PA PEDER MOZE MU GO OPANAL NEKOJ PERSIEC DENESEN PRADEDO NA IRANCANIVE IMA TUKA NESTO!!! IMAAAA NEKA TAJNAAAAA VEZAAAAAA!!! TAJNA VEZAAAAAA ZA SVEEEE NAASSSSS…
Sea site dole pod mene so ke PISETE I ke me napagate da mi se FATITE PA DA MI SE KLATITE!!!
Nemash za shto da ti se fart. No toa ne e poentata. Ti dobro razbirash (kako onaa shto beshe epten bezobrazna; toa si ti rebrandiran) deka koga negativni seksualni ingormacii se plasiraat i ludjeto gi chitaat, tie vleguvaat vo glavite na chitatelite i vlijaat vrz karakterot na chovekot. Toa e poentata zoshto mediumite objavuvaat samo negativni informacii za da se “zatupat chitatelite”. Pozitivnite ingotmacii i fokusot kon niv se unishtuva odvnatre. Lugjeto stanuvaat frustrirani, defokusirani. Ova e mnogu dobro poznato vo psihologijata.
Ti si ja vrshish zadachata za koja si platen, a toa e defokusiranje i unistuvanje na pozigivnata energija na narodot. Ti vidish specijalna psihichka vojna protiv zdravoto tkivo vo MK. Ustvari ti si shpijunska institucija za da se prodolzhi unishtuvanjeto na narodot vo MK. Taka beshe i vo vremeto pred infiltriraniot Zaev da dojde na vlast. Ti go podgotvuvash terenot za nova destrukcija. Tvojot posleden paragraph e dokaz deka sakash za gi sprechish pozitivnite misli i idei lugjeto da gi objavuvaat, i gi provocirash, naveduvash kon destruktivni negativni mislenja.
Inaku, tvoeto “pcuenje” e poznat method koj se praktikuva kaj “veshterite” za kontrola da chovechkata dusha. Toa e tvojata cel.
Tipichno za manipulativnite spijunski drushtva locirani vo Austria, Viena (od tamu li poshuvash?)
Debili kako pero I vonja ne gi trebe cicajkure golemo e cika perica
Коментирај анонимно