Електричар ѝ ги поправил светлата на 72-годишна старица, а потоа ги убедил соседите целосно да ѝ го променат животот

Да се расипе нешто во вашиот дом е прилично непријатно. За среќа, одлично е кога има некој кој може да ви помогне, а уште подобро е кога тоа го прави целата ваша заедница. Мајсторот и електричар Kон Кини од Масачусетс, неодамна бил повикан во домот на стара дама, но открил толку многу проблеми во куќата што не можел да ги остави работите такви.

Затоа тој организирал група од волонтери кои со него на чело преку донации ѝ помогнале да старицата да ја реновира куќата. Куќата на 72-годишната Глорија имала многу приблеми: Светлата не работеле, жиците биле стари и скинати, немало вода, таванот се распаѓал, имало сериозни проблеми со водоводот, а надворешната област била како џунгла, меѓу многу други проблеми.

Глорија едвај успева да преживее со својата пензија, а нема семејство кое би ѝ помогнало. Па така Кини првин самиот се обидел да направи поправки, па поканил свои колеги волонтери, но кога сфатиле дека за тоа ќе треба парични средства побарале помош од заедницата и скоро сите соседи на Глорија донирале за нејзиниот дом повторно да стане безбеден.