Електричните автомобили можат да бидат и ефтини: Човек откри колку го чинело патување низ Австралија со „Тесла“ автомобил и колку тоа би чинело со бензинец
Сопственик на „Tesla Model 3“, со име Џејџеј, сподели детали за трошоците за полнење на своето возило при патување од 3,000 километри низ Австралија. Во придружба на пријателката Сукси, патувањето го започнал во Мелбурн и го завршил на Магнетниот остров во Квинсленд, притоа поминувајќи 60 часа на пат.
Најчесто користејќи „Tesla Superchargers“, Џејџеј за целото патување платил 321,44 австралиски долари за електрична енергија. Ова значи дека цената за 1600 километри изнесувала околу 120 евра. За споредба, патување од иста должина со бензинско возило би чинело приближно 190 евра.
Џејџеј објасни дека процесот на полнење не претставувал проблем, бидејќи траел во просек околу 25 минути — доволно за да стигне до следната станица за полнење. Најдолгата дистанца што ја постигнал со едно полнење била 420 километри.
Покрај тоа, друг сопственик на „Tesla Cybertruck“ открил дека месечните трошоци за одржување на возилото изнесувале само 32 долари за 1900 киломтери, покажувајќи дека електричните возила може да понудат економична алтернатива на традиционалните возила со мотори на внатрешно согорување.
Коментирај анонимно