Елементарна катастрофа! „Гучи“ и „Адидас“ создадоа бејзбол капа која чини неверојатни 588 евра и е во ред да си ја купите само ако имате ДВЕ ЛИЦА
Брендот „Гучи“ беше исмеан затоа што дизајнираше повеќебојна бејзбол капа со две стреи која чини 588 евра.
Италијанскиот луксузен дизајнер се здружи со гигантот за спортска облека „Адидас“ за да создаде модерно капче, но некои велат дека изгледа како дел од облеката на Шерлок Холмс.
Капчето е дизајн со познатите три ленти на „Адидас“ што се протегаат по средината на шапката.
На другиот врв е шарата на Гучи, а одоздола е напишано логото на „Адидас“ со „Гучи“.
Обичната капа на „Гучи“ чини 350 евра, а обичната шапка на „Адидас“ околу 20 евра, така што клиентите доплаќаат 218 евра за привилегијата на комбинацијата.
Еден купувач рече дека тоа би му одговарало на Бенедикт Камбербач додека глуми во ТВ драмата „Шерлок“.
Друг рече дека би било совршено за професорот Квирел од „Хари Потер“ кој има две лица од двете страни на главата.
Двостраната бејзбол капа ‘Adidas x Gucci’ е произведена во Италија, а половината на „Адидас“ доаѓа во црна, сина, зелена и виолетова боја.
Веста доаѓа откако „Адидас“ беше исмејуван за дизајнирање на мокасини кои личат на копачки – чинат 889 ерва.
Гигантот за спортска облека се здружи со италијанската модна куќа „Гучи“ за да ги создаде паметните чевли, за кои некои велат дека изгледаат како фудбалски копачки на Адидас со навртки „Copa Mundial“.
Чизмите на теренот ги носеа легендарните играчи како Дејвид Бекам, Диего Марадона и Зинедин Зидан.
Коментирај анонимно