Елон Маск го тестира новиот „златен пасош“ поддржан од Трамп, наменет за „многу фини“ богати олигарси
Елон Маск, роден во Јужна Африка и државјанин на САД од 2002 година, откри дека го тестира контроверзниот „златен пасош“ – нова имиграциска програма на претседателот Доналд Трамп која овозможува на екстремно богатите странци побрзо да добијат американска резиденција преку плаќање од 5 милиони долари.
„Правиме тивок тест за да се увериме дека системот функционира правилно,“ објави Маск на социјалните мрежи. „Кога ќе биде целосно тестиран, ќе следува официјално објавување од страна на Претседателот“.
Побрз пат до Америка за милионери и руски олигарски
Биографијата на Маск сугерира дека во САД пристигнал со студентска виза од Канада во раните 1990-ти, потоа добил работна виза H-1B, а државјанство стекнал во 2002. Сепак, неговиот имиграциски пат е често опишуван како „сива зона“, а неговиот брат Кимбал еднаш изјавил дека и двајцата биле „нелегални имигранти“.
Иако Маск јавно тврди дека е „екстремно про-имигрантски настроен“, неговите ставови често вклучуваат ксенофобични изјави и поддршка на теории на заговор. Во февруари, на неговата платформа, поддржа тврдења дека белите Јужноафриканци се „прогонувани поради нивната раса“.
Програмата „златен пасош“ која Трамп ја нарекува „елитна верзија на зелената карта“, овозможува побрз пат до државјанство за милионери, па дури и за руски олигарси, кои претседателот ги опиша како „многу фини луѓе“.
„Систем полн измислици“
Трамп и неговиот тим тврдат дека претходниот систем бил полн со „измами и измислици“, а со новиот план сакаат да го заменат со „директна“ можност за оние што можат да си ја дозволат цената на влез.
Маск, кој порано се жалеше на имиграцискиот процес, сега ја поддржува програмата која го прави патот до американскиот пасош достапен само за најбогатите – додека истовремено ги омаловажува другите имигранти и ги поддржува мерките за нивно масовно протерување.
Коментирај анонимно