Емоционалната реакција на бабата и дедото на специјалната тетоважа на нивната внука буди длабоки чувства

Ако понекогаш нашиот свет се чини дека е мрачно и страшно место за живеење, еве една срцезатоплувачка приказна која може да ви го разубави денот!

Дозволете ни да ве запознаеме со Агустина Вецел, девојка од Аргентина која решила да ги изненади своите баба и дедо Маркос (92) и Селој (89), тетовирајќи ги нивните имиња на глуждот. Таа се снимала како го покажува својот нов „додаток“ на семејството и нивната реакција на тоа, а видеото можете да го видите на крајот од текстот. Емотивната реакција на дедото допре многу корисници на социјалните мрежи. Видеото стана вирално и сега има повеќе од 2 милиони прегледи на Твитер!

Агустина многу ги сака своите баба и дедо и затоа одлучила да направи симпатичен гест. Така ѝ дошла идејата да ги истетовира нивните имиња на глуждот.

Агустина вели дека пред некое време го истетовирала потписот на нејзиниот идол и затоа сметала дека е убав гест да направи нешто слично за нејзините баба и дедо. Таа сподели дека ѝ се многу важни. „Ќе направев цртеж од нив, но сестра ми и моите родители имаа идеја сами да ги напишат своите имиња, мислев дека тоа е одлична идеја!“

Сè започнало кога Агустина ги замолила нејзините баба и дедо да ги напишат своите имиња на парче хартија. Таа им кажала дека тоа ѝ е потребно за на факултет.

Откако Агустина ја направила тетоважата, отишла да ги види баба ѝ дедо ѝ и да им ја покаже тетоважата. „Се сеќавате ли кога ми ги напишавте вашите имиња пред некое време?“

Бабата била воодушевена од тетоважата, но она што ги освои срцата на сите е реакцијата на нејзиниот дедо. Тој прво не сфатил за што станува збор, а кога му станало јасно од него „избиле“ емоции.

Агустина вели дека дедо ѝ воопшто не сакал тетоважи и првин помислил дека е привремена, но кога му кажала дека е за цел живот тој бил воодушевен.

„Бабите и дедовците секогаш означуваат пред и потоа, нѐ разгалуваат и нѐ учат многу уште од мали. Тие се нашите суперхерои, јас така ги нарекувам. Имате среќа ако имате шанса да ги запознаете вашите баба и дедо. Тие се навистина неверојатни“, додава Агустина.