Ентузијаст за модификации на телото си ги пресече прстите, но додаде уште еден страшен детаљ на своето тело

Мишел Фаро до Прадо со седиште во Бразил се прослави со своите екстремни модификации на телото и минатата година се прогласи себеси за „Сатаната“.

На Прадо веќе му е истетовиран голем дел од телото, вклучувајќи ги и јаболчниците, има вградено рогови во главата, може да се пофали со неколку пирсови, па дури пресечен нос.

Сега тој претрпе уште неколку измени и му беше отстранет прст од секоја рака, а во устата му беа вградени големи „слонови“ заби.

Сопругата на Прадо е специјалист за уникатни модификации и тој е нејзиното „ремек-дело“.

Прадо претходно зборуваше за неговата висока толеранција на болка – нешто што очигледно е потребно за да издржи некои од модификациите што ги има.

Додека неговата сопруга го сака неговиот екстремен изглед, очигледно и другите членови на неговото семејство, вклучувајќи го и неговиот син, го ценат тоа. Сепак, тој инсистира на тоа дека „за него навистина не е важно што велат луѓето“ и дека тој едноставно сака „почит“.

„Јас не го отфрлам конвенционалното општество. Јас го отфрлам неговото лицемерие и непочитување кон оние кои се различни. Секоја личност е она што ќе избере да биде – јас сум тоа што сум и тие се она што се“, рече Прадо.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!