Епа газди, читајте и учете! Најдобриот британски газда му дал на хотелскиот персонал 200.000 евра како награда за нивната напорна работа, но тоа не е се
Сопственик на хотел е наречен најдобар газда на Британија, бидејќи му дал на својот персонал 200.000 евра како награда за нивната „напорна работа“ во текот на летото.
„Philema Hospitality Management“, семејната компанија која е сопственик на хотелот „Фистрал Бич“ и хотелот „Еспланада“ во Њукеј, Корнвол, ги поделила парите меѓу своите 325 вработени.
Компанијата која исто така управува со уште два хотели забележала пораст на клиенти во текот на летната сезона. Зголемениот број дојде откако „затворените“ туристи резервираа одмори во потрага по сонце во првото лето од крајот на ограничувањата на пандемијата. Филема рече дека нејзиниот персонал понудил „одлична услуга“ во услови на зголемена побарувачка за престој во Велика Британија.

Исплатата на бонусот од 210.000 евра била поделена помеѓу персоналот кој работел во хотелот помеѓу април и септември оваа година. Тие, исто така, добиле провизија и менаџерски бонуси покрај дополнителната готовина.
Компанијата соопшти дека индивидуалните бонуси се засноваат на бројот на часови што луѓето работеле и така варираат од случај до случај. Како и годишните бонуси, вработените добиваат поволности, вклучително и членство во спа и теретана, попусти за хотели и ресторани, двојна плата за Божиќ и Нова Година и дополнителен ден за одмор за секоја година што работеле за Филема од пет до 15 години.
Згора на сето тоа, компанијата одржува „Денови на благодарност на вработените“, кои вклучуваат ваучери и други почести што се доделуваат по случаен избор на членовите на тимот.

Лора Камерон, оперативниот директор на Филема рече: „Ние цениме дека последните неколку години беа тешки за угостителската индустрија и со порастот на побарувачката за престој, нашите тимови мораа да одат над и подалеку за да понудат исклучителна услуга за секој гостин кој нè посети ова лето. Сакавме да обезбедиме оваа напорна работа да биде наградена и да се почувствува нивната посветеност на нашиот семеен бизнис. Изминатите 12 до 18 месеци беа прекрасни и успеавме да задржиме голем дел од нашиот талентиран персонал и да инвестираме во иднината на нашиот тим“.
Таа додаде: „Во моментов имаме шест лица на стажирање и бараме да го прошириме ова во следната година. Видовме огромен успех во нашата програма за менаџери приправници оваа година и бараме повторно да започнеме за следниот прием во јануари 2023 година“.

Се сеќавам во СФРЈ на крај на годината даваа (не во сите фирми), таканаречена „13 плата“! Добро доаѓаше за празниците кои следат! Во Македонија 90-тите даваа К-15: канта сирење, вино, платен одмор…
Sekoja chest za pozdrav se gazdife. Gospod uste tolku da im dade..
Sekoja chest..ima za gazdata a ima i za personalot..
Sekoja cest za gazdata bravo,Gosport da music Dade troduplo zasto znae kako treba
Коментирај анонимно