Епа се фативте за погрешен мотор: Храбрата мајка со црн појас во таеквондо на извонреден начин го среди крадецот што сакаше да ѝ го украде моторот

Храбрата мајка на две деца им се спротивстави на криминалците и си го ризикуваше животот за да го фати крадецот кој се обиде да ѝ го украде моторот, иако полицијата пристигна предоцна за да го уапси.

Жената, која сака да остане анонимна, беше фатена на видео надзор и снимка од мобилни телефони како фрла врз човекот со моторот – кој и понатаму е во бегство.

Бандата не знаела дека 31-годишната самохрана мајка има црн појас во таеквондо и можела многу лесно да го совлада на земја.

Скролајте надолу за видео

Додека таа го држеше на подот, еден од крадците ја клоцна од својот мопед во задниот дел додека бандата го напушташе нивниот колега.

Но поради бавната реакција на полицијата таа неволно била принудена да го пушти крадецот.

Таа го опиша инцидентот велејќи: „Сè уште сум во малку шок, но се држев за моите работи, мојот мотор. Јас сум самохрана мајка на две деца и по секоја цена ќе го заштитам она што е мое. Истрчав надвор од продавницата во моментот кога сфатив дека ми го земаат моторот. Не можев да верувам дека ќе ми се случи тоа што го гледам на телевизија. Очигледно користеле украдени мотори за нападот бидејќи немале регистерски таблички. Скокав на неговиот грб и се обидував да му ја извадам капачето за да му го изложам лицето и да го снимам… Врескав до луѓето околу да снимаат и да повикаат полиција. Двајца од момците на крајот тргнаа со автомобил и го оставија едниот. Се тепав со момчето речиси десет минути пред да почне да плаче. Ми беше жал за него и велеше дека му било кажано да го направи тоа. Полицијата пристигна 15 минути по инцидентот. Не можев толку долго да го задржам крадецот на подот, а тој молеше за живот и плачеше. Само се обидов да го заштитам својот моторот за кој работев напорно“.

На крајот морала да го пушти крадецот, објаснувајќи: „Ми снема сили и ми беше жал за него. Ако полицијата дојдеше побрзо, дефинитивно ќе го уапеше осомничениот. Поминуваше полициско возило и тие не застанаа бидејќи беа на друг повик, бидејќи подоцна се вратија и се извинија. Полицијата треба да стане посилна во врска со ова и да ја зголеми силата за тоа како се справува со овие работи. Имав среќа што овие крадци не носеа оружје“.

 

  • Robert напиша:

    Eftina, fingirana rabota

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *