Еротски роман со бизарен наслов станува популарен низ светот

Сите сме прочитале по некоја книга со необичен наслов, но овој пат работите се поинакви. Еротски роман има наслов поврзан со прилично сериозна тема. Насловот на романот е „Kissing the Coronavirus“, односно „Бакнувајќи го Коронавирусот“. Можеби да стануваше збор за друг жанр и немаше да биде толку бизарно, но да станува збор за еротика.

„Бакнувајќи го Коронавирусот“ од ебитантскиот автор М.J. Едвардс, е опишана на Амазон како како „замаглена приказна за забранетата љубов и оживување на мрачните желби“. На насловната страна стои и цитатот: „Таа требаше да го излечи Коронавирусот, но наместо тоа се вљуби во него.“

Д-р Алекса Ашингтонфорд е дел од популарен тим научници со задача да го пронајдат лекот за разорниот коронавирус. Не знаеше дека на крајот ќе се заљуби во него. Коронавирусот е всушност нејзиниот шеф, маж, најверојатно метафорички во форма на вирус.

Книгата се продава за скоро 1 евро и провлече многу внимание од луѓето кои велат дека добро се насмеале додека ја читале. Исто така авторката додала дека ја напишала книгата за да си ги плати сметките откако ја изгубила работата поради кризата со пандемијата.