Еве како цела област во градот Лагос заврши под дебел слој ѓубре

Цело подрачје на градот во Нигерија беше исполнето со планини од ѓубре по обилните дождови за време на викендите. Многу шарени кеси, шишиња и кутии беа на улиците на округот Сурулере во градот Лагос. Локалните жители мораа да талкаат низ ѓубре кое достигнува до нивните појаси.

Некои жители на Лагос, кој некогаш се сметаше за еден од најчистите градови во светот, го обвинија лошиот систем за одводнување и недостаток на акција на владата за справување со сметот. 16 милиони жители од областа долго време се жалат за фрлање ѓубре по автопатите и одводните канали. Ова доведе до застрашувачки санитарни услови, бидејќи каналите се затнале со купишта ѓубре во мирната вода.

Владините претставници рекоа дека работат на отстранување на отпадот и за чистење на каналите. Тие, исто така, ги обвинија локалните жители за загадување на каналите и рекоа дека ќе го уапсат секој што ќе фрла ѓубре во одводните канали.