Еве како една лажна вест ја промени перцепцијата на светот кон мерките за коронавирусот во Русија

Во секоја криза секако има и лажни вести, но додека некои е лесно да се препознаат или пак се толку добро осмислени па воопшто и не можат да се препознаат некои од нив се прилично неверојатни што нѐ тера да се запрашаме: „Зарем навистина?“ Една ваква вест во вид на фотографија се прошири на социјалните мрежи и предизвика многу прашања во главите на луѓето.

Наводно според „веста“ претседателот на Русија, Владимир Путин наредил да се пуштат над 500 лавови по улиците на Русија со цел да се спречат луѓето да излегуваат надвор за време на пандемијата. Не дека идејата е лоша (хаха), но сепак ова е лажна вест.

Фотографијата всушност е од Јоханесбург во Јужна Африка од 2016 година за време на снимање на филм.