Еве како изгледа еден обичен час по анатомија во Тајланд

Не дозволувајте вашите очи да ве измамат – цртањето човек може да изгледа како прошетка во парк, но верувајте тоа е форма на уметност за која треба да се вежба со години.

Не станува збор само за форми и пропорции, туку за супер сложени скелетни и мускулни системи што треба да бидат поставени на хартија на таков начин што тие изгледаат повеќедимензионални и во движење. Замислете: во нашите тела има 650 именувани скелетни мускули кои го формираат составот на телото.

Еден тајландски уметник по име Ванарит Карин, толку добро ги совладал овие анатомски вештини за цртање, што сега ги пренесува своите знаења на идни сликари или оние кои се заинтеренсирани за човечката анатомија.

Анатомските цртежи на Ванарит ги разоткриваат сложените делови на човечкото тело, од тетивите и лигаментите до зглобовите и мускулното ткиво. Ванарит освен што самиот организира предавања и курсеви исто така често е „гостин“ во најразлични училишта и компании каде ги пренесува своите знаења.