Еве како изгледа напуштениот затвор за смртна казна во чиј бунар биле наоѓани телата на затворениците

На членовите на јавноста им е забрането влегување во дотраениот објект, сместен во Чианг Маи, Тајланд, но американскиот урбан истражувач и наставник Дакс Вард (39) успеа да влезе внатре и да ги разгледа работите одблизу.

Затворот за смртна казна се затвори во 2013 година, но структурата сè уште останува, а на фотографии на кои се прикажани утилитарни ќелии повеќе затвореници биле принудени да живеат заедно; морничав двор каде затворениците излегувале на свеж воздух и ужасен бунар каде што биле пронајдени тела на затвореници по масовно самоубиство.

Вард, кој е специјализиран за фотографирање на напуштените места низ Тајланд и југо-источна Азија, ги опиша смртните случаи како „сомнителни“ и рече дека точниот број тела пронајдени во бунарот никогаш не е објавен. „Егзекуциите беа извршувани овде бидејќи тоа беше установа за смртни казни, а се вели дека се случиле голем број на необични настани, вклучително и сомнителни „самоубиства“ на затвореници во бунар за вода.“, објаснува тој.

Затворот бил отворен во почетокот на 20 век и имал само машки затвореници до седумдесеттите години на минатиот век, кога осудените лица беа испратени во нов, поголем затвор. Објектот тогаш станал затвор само за жени до неговото затворање во 2013 година.

Вард истражувал и документирал повеќе од 30 локации за мистериозни места во Тајланд, иако сакал да погледне околу напуштениот затвор бидејќи сметал дека ќе понуди – многу поинаква атмосфера од другите локации.

Иако истражувачот не верува во духови, тој призна дека затворот имал „навистина морничава атмосфера“. Затворот се вели дека бил еден од „подобрите“ установи во однос на условите за живеење на затворениците, иако Вард се сомневал во тоа колку навистина би можело да биде удобно, бидејќи зградите сугерираат дека затворениците би биле згрчени во ќелии без приватност.

По затворањето на затворот во 2013 година, тим будистички монаси поминал една недела таму обидувајќи се да го „исчистат“ од зли духови, како што е „широко разбрано“ во тајландската култура дека духовите „мора да се третираат со почит и внимание“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.