Еве како изгледа првиот пловечки град во светот кој е опкружен со ѕидови од 50 метри

Островот „The Blue Estate Island“ ги претстави плановите за изградба на првиот пловечки град на вештачки остров среде Карибите. Островот ќе биде изграден од специјални бетонски модули и ќе зафаќа околу еден квадратен километар простор помеѓу Флорида и Бахамите.

Иако градот ќе биде „на вода“, на идните сопственици им се гарантира безбедност. За да им се спротивстави на брановите, но и на криминалците, градот ќе биде опкружен со бетонски ѕидови високи 50 метри. Посебна заштита ќе биде инсталирана и на прозорците на сите згради од урагани кои се вообичаени во областа.

Градот ќе биде изграден на пловечка платформа што ќе може да се движи во случај на тешки временски услови, но и „да се закотви“ по своја волја, исто како и секој брод. Островот ќе биде насочен кон самоодржливост, а целата енергија потребна за нормален живот ќе се произведува на самиот остров со помош на обновливи извори.

Во моментов се прифаќаат резервации за домови во тој вештачки град. Најефтиниот стан може да се купи по цена од 20 000 американски долари, а најскапата куќа за 1,5 милијарди долари.

Се верува дека пловечкиот град ќе биде изграден до 2025 година и дека ќе има околу 15.000 жители. Покрај станови и куќи, ќе се градат и училиште, болница и неколку деловни простории. Покрај тоа, претприемачите се охрабруваат да отворат свои деловни активности на овој остров бидејќи таму нема да се наплатуваат даноци.