Еве како изгледа првиот тим на пожарникари во Флорида составен исклучиво од жени
Преку чиста случајност, пожарникарската служба во Флорида ја доби својата прва екипа од жени. Во својата 57-годишна историја, пожарната служба а Палм Бич Гарденс во Јужна Флорида никогаш не видел целосна смена со само жени кои се борат против пламенот. Во оваа професија најзастапени се мажите па така ова навистина доаѓа како освежување.
Спасувачкиот поручник Кристина Краковски, Пожарникарот Келси Крживада, Пожарната медицинска сестра Џули Дадли, поручникот Моника Марзуло и возачот инженер Санди Ладевски се заедно на смена во станицата. Тимот е на возраст од 29 до 53 години. Девојките велат дека не барале да бидат само жени на смена туку тоа спонтано се случило поради околностите кои им одговарале на овие вработени, поврзани со смената.